САД не сакаат промена на режимот во Иран
![САД не сакаат промена на режимот во Иран](https://gdb.rferl.org/9CDA0DA7-F313-4EB0-AF96-3643BE1834B4_cx27_cy1_cw69_w800_h450.jpg)
Американскиот секретар за одбрана Џим Матис изјави дека САД не се за промена на режимот во Иран. Тој посочи дека нивната цел е да се смени однесувањето на Иран поради бројните закани кои што може да ги спроведе војската и тајната служба на земјата.
Изјавата на Матис доаѓа по разговорите на високи претставници на Белата куќа на кои станало збор и за Иран. Тензиите меѓу САД и Иран се зголемени, а американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го предупреди Техеран да не и се заканува на неговата земја бидејќи ќе се соочи со последици.