Српската опозиција собира потписи против приемот на Косово во ОН
Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во ОН и дека собирањето потписи ќе се одвива со недели и во сите делови на Србија. Според него, не е вистина дека членството на Косово во ОН е неопходно за да се сочува мирот во регионот.
