Во земјотрес на индонезиски остров загинаа најмалку 10 луѓе
Најмалку 10 луѓе загинаа, а 40 се повредени во силниот земјотрес кој го погоди индонезискиот остров Ломбок. Десетици куќи биле оштетени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Ломбок привлекува туристи од целиот свет и е лоциран на околу 40 километри одалеченост од Бали.
Во декември 2004 гоодина земјотрес со епицентар под морето предизвика цунами на брегот на Суматра во западна Индонезија при што загинаа 220 илјади луѓе.