Брнабиќ: Изоставувањето на косовското прашање е политичка нечесност од Британија
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска остро го критикуваше официјален Лондон, по објавувањето на информациите дека Велика Британија не го вклучила косовското прашање на листата со теми за кои треба да се разговара за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во текот на август.
„Сметам дека тоа е несериозно. Особено од земја која излегува од ЕУ. Не можам да разберам дека некој од една страна сака да биде домаќин на состанокот, а од друга страна не сака да ја стави во агендата темата за Косово. Не може да биде и едно и друго, тоа е политички несериозно и нечесно“, рече Брнабиќ.
Претходно, српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „ставот на Лондон е очекуван и дека Велика Британија очигледно не ја интересира српскиот став и дека тоа е јасна порака.