Извештај на Стејт департментот за Албанија: Корупција, нетранспарентност, проблематично судство
![Извештај на Стејт департментот за Албанија: Корупција, нетранспарентност, проблематично судство](https://gdb.rferl.org/A8F5E5C1-881A-4FA9-BD43-1A7D985829CA_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Американскиот Стејт департмент во својот извештај за инвестициската клима во Албанија за 2018 година изразува загриженост во врска со корупцијата и нетранспарентноста на тендерите и наведува дека Албанија се смета за место каде е тешко да се води бизнис и каде се фаворизираат компании поврзани со политиката.
Со загриженост се известува и за проектите за јавно приватно партнерство кои се проценува дека имаат ограничена конкуренција и оти нема анализа за нивните трошоци и добивки.
Сопственоста на имот е уште еден проблем на што се жалат странските инвеститори, се додава во извештајот.
Како проблеми со кои и натаму се соочуваат, странските инвеститори ги наведуваат корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и слабото спроведување на договорите.