Брнабиќ: Изоставувањето на косовското прашање е нечесен потег на Британија
„Сметам дека тоа е несериозно. Особено од земја која излегува од ЕУ. Не можам да разберам дека некој од една страна сака да биде домаќин на состанокот, а од друга страна не сака да ја стави во агендата темата за Косово. Не може да биде и едно и друго, тоа е политички несериозно и нечесно“, рече Брнабиќ.
Претходно, српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „ставот на Лондон е очекуван и дека Велика Британија очигледно не ја интересира српскиот став и дека тоа е јасна порака.
