Владата одобри финансиска поддршка за 100 компании
Од Владата до Собранието е доставен и Предлог-законот за обезбедување надомест за уште 1.600 стечајци, соопшти владината прес-служба по одржувањето на седницата.
На денешната седница Владата го утврди и Предлог на Закон за задолжување на земјата со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка со Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги и донесе одлука предлог законот да биде поднесен до Собранието.
На предлог на Министерството за здравство Владата денеска ја разгледа Информацијата за потребни вработувања и за обезбедување финансиски средства за тие вработувања во ЈУ Здравствен дом Скопје.
Владата на денешната сдница ја задолжила УЈП да изготви план за подобрување на состојбата на правичната застапеност на вработените во УЈП преку преземање на одреден број на вработени од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор .
На Владината седница е утврдена и Програмата за соработка во културата меѓу Македонија и Бугарија 2018-2021. Владата денеска ја усвои и Информацијата за одбележување на годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
