Киска - „Ноќните волци“ се безбедносен ризик
Киска вели дека членовите на „Ноќни волци“ помогнале за припојувањето на Крим кон Русија во 2014 и дека тие не се само безопасни љубители на мотори.
По состанокот со шефовите на разузнавачките служби, Киска рече дека постоењето на база во која „ Ноќните волци“ делуваат задно со локалните проруски паравоени формации е исмејување со официјалната политика на Словачка, која го осуди припојувањето на Крим кон Русија.
