Попис во Албанија во 2020, за првпат графа националност и верска припадност
Директорката на Институтот, Делина Ибрахимај, вели дека формуларот ќе биде поделен на два столба и тоа со задолжителни и незадолжителни прашања.
Прашањата за верската и за етничката припадност, не се задолжителни.
Со цел да се надминат проблемите со личните податоци, Институтот во подготовката на формуларот соработувал со Комесарот за заштита од дискриминација и ги почитувал стандардите на европските земји, Обединетите нации и Канцеларијата за статистика при ЕУ, Евростат.
Според пописот спроведен во октомври 2011година Албанија има 2.891.977 жители. Од вкупната попишана популација, со постојано место на живеење во Албанија се 1.421.810 жители, додека другите се со престој во странство до една година. Споредено со податоците од пописот во 2001 година бројот на вкупната популација е помал за 7,7 отсто, како резултат на емиграцијата и намалениот наталитет.
Пописот го бојкотираа припадниците на малцинствата, но попишувачите ги попишуваа врз основа на податоците од матичните служби на населеното место.
