Мицкоски - Посакувам иднина во која нема да се проституираме како народ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук-профил напиша дека тој е за иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни и чесни луѓе, а не, како што пишува, аболирани политичари.
„Иднина во која нема да се проституираме како народ и држава затоа што уценети и неспособни политичари се во владата, иднина во која нема министрите да си делат грантови и тендери на шибицарски начин“, пишува меѓудругото Мицкоски на Фејсбук.
Тој реди низа примери за тоа каква иднина посакува и за каква иднина работи.
„Тоа е битката на мојата генерација да Ве порази Вас платениците и остатоците од транзицијата за да може да и се раздени на мојата Македонија, за да биде повторно достоинствена...“, пишива лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук