Борисов домаќин на четиристрана средба на лидери од Балканот
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е домаќин на денешната четиристрана средба меѓу лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија во резиденцијата „Евксиноград“ крај Варна. Премиерите на Бугарија, Грција и Романија, Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за развојот на заедничките инфраструктурни проекти во контекст на поврзување на Балканот. Гостин на Форумот е и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, кој од вчера престојува во Бугарија.
Фокусот на состанокот ќе биде и продлабочување на регионалната стабилност, како и актуелните европски прашања. Се очекува дека меѓу проектите што ќе се разгледуваат е и железничкиот коридор од медитеранските пристаништа на Грција преку бугарските Варна и Бургас во Црното Море до Русе на Дунав, а од таму ќе се разгранува во Белград и Букурешт.