СЈО - Замрзнат имотот на „Европа 92“ и на „НОЕЛ“ во истрагата за „Поштенска банка“
![СЈО - Замрзнат имотот на „Европа 92“ и на „НОЕЛ“ во истрагата за „Поштенска банка“](https://gdb.rferl.org/1F9F4CBC-2462-4214-8EF0-B7EBA08CFC20_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, по барање на СЈО, донесе привремена мерка за обезбедување на имот во врска со истрагата во јавноста позната под името „Поштенска банка“, соопшти Специјалното јавно обвинителство. Со мерката е обезбеден недвижен имот сопственост на правните лица Европа 92 ДООЕЛ Кочани и НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата, Ратко Димитровски и Томе Главчев. Воедно, обезбеден е и имот од други правни лица кај кои има сомневање дека се прелеала противправна имотна корист – ТУРИСТКО ДООЕЛ Кочани, БЕНТОН ДООЕЛ експорт-импорт Гевгелија, НОЕЛ КОМПАНИ ДОО Гевгелија и НОЕЛ ПЛУС ДООЕЛ с. Стојаково-Богданци. Со мерките на Судот се забранува отуѓување и располагање, а дејствијата се преземени со оглед на тоа што постои опасност истиот имот да биде отуѓен до правосилно завршување на постапката.