Заев–Јанковиќ: Македонија прави импресивни чекори на патот кон НАТО и ЕУ
![Заев–Јанковиќ: Македонија прави импресивни чекори на патот кон НАТО и ЕУ](https://gdb.rferl.org/6F2D9D0A-85E8-489D-BFD0-DE9CC7440890_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев оствари средба со новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија Зоран Јанковиќ, со кој разговарал за аспектите на одбраната на реформите во безбедносниот сектор и членството на Македонија во НАТО.
Како што соопштува владината прес служба, претставникот на НАТО, Јанковиќ ги поздравил храбрите чекори кои актуелната Влада ги презема во поглед на имплементирање на реформите и подготвеноста на земјата да стане дел од Алијансата. Тој исто така, изразил уверување дека успешната соработка со македонската Влада ќе продолжи, подвлекувајќи дека тој и експертите во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје се отворени за континуирана соработка на
највисоко ниво.
“ На средбата, премиерот Заев го запозна претставникот на НАТО со политичките настани во земјата, истакнувајќи дека неговото стапување на должност е во време кога граѓаните на Македонија ја пишуваат својата историја и дека политичките прашања се затворени и земјата е подготвена да продолжи кон исполнување на евроатланските аспирации”, се наведува во соопштението од Владата.