Одржан првиот состанок на заедничката комисија со Грција
![Одржан првиот состанок на заедничката комисија со Грција](https://gdb.rferl.org/1B75D7D1-44B4-48AC-B40C-EA411BB36E3D_w800_h450.jpg)
Денеска се одржал првиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања со Грција. Од министерството за надворешни работи соопштија дека состанокот се одржал во пријателска атмосфера, во согласност со духот и принципите на Спогодбата од Преспа.
“Двете страни го усвоија Деловникот за работа на ЗИКЕ и се согласија за динамиката на идните состаноци, а согласно членот 8 од Спогодбата од Преспа, беше донесена заедничка одлука да се работи на отстранување на одредени референци во учебниците, коишто беа присутни во минатото”, се наведува во соопштението од МНР.