Тројца руски полицајци осомничени за силување колешка
Тројца руски полицајци се осомничени дека силувале колешка. Судот во руската република Башкортостан нареди апсење на тројцата полицајци од главниот град на републиката, Уфа. Осомничени се шефовите на полицијата во окрузите Уфа и Кармаскали и шефот на одделението за миграции во Уфа. Одреден им е притвор. Тие се осомничени дека сексуално нападнале 23-годишна инспекторка од Уфа. Министерството за внатрешни работи од Башкортостан денеска соопшти дека тие се отпуштени од полицијата.