Средба Трамп-Путин на маргините на самитот Г-20
![Средба Трамп-Путин на маргините на самитот Г-20](https://gdb.rferl.org/CA347D99-52A3-4AC8-8F66-44FF4632A2B8_w800_h450.jpg)
Подолг и посеопфатен состанок на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, би можел да биде одржан на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, најави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека пократка средба помеѓу Путин и Трамп ќе има во Париз на 11 ноември, на прославата на стогодишнината од завршување на Првата светска војна. Самитот на Г-20 (19 најразвиени земји во светот и Европска унија) ќе се одржи во Буенос Аирес од 30 ноември до 1 декември.