Трамп пред изборите ги потенцира санкциите врз Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го потенцираше неговото залагање за санкции врз Иран пред изборите на кои Партијата на републиканците ќе се обиде да ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот.
Трамп на Твитер објави слика со неговиот лик инспирирана од серијата „Игра на тронови“ со што ги најави повторните санкции врз нафтениот и финансискиот сектор во Иран кои ќе стапат на сила на 5 ноември. На сликата е испишано „Санкциите доаѓаат на 5 ноември“.
Анкети за јавно мислење покажаа дека санкциите врз Иран влијаат врз излезноста на гласачите кои ја поддржуваат Републиканската партија на Трамп.