МВР регистрира зголемена илегална миграција
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави денеска дека голема мигрантска криза како изминатите години нема повеќе во Македонија и во регионот, но е зголемена илегалната миграција. Според него, во однос на минатата година има зголемување на обидите за илегален премин на границата на Македонија со Грција.
Спасовски порача дека МВР работи заедно со полициски службеници од другите партнерски држави, коишто работат на обезбедувањето на македонско-грчката граница, формирано се и посебни сили коишто ќе работат на спречување на илегалната миграција и трговија со луѓе.