Поднесено обвинение против стотици демонстранти во Пакистан
Пакистанската полиција поднесе обвинение против стотици демонстранти за подметнување пожар, вандализам и насилство за време на протестите кои избувнаа откако една христијанка беше ослободена за богохулење кое се казнува со смртна казна во земјата.
Тврдокорна исламистичка партија спроведе низа протести низ земјата при што демонстрантите блокираа главни автопатишта и запалија автомобили и камиони.
Тридневните протести завршија на 2 ноември откако властите се согласија да се разгледа ослободителната пресуда за 54 годишната Асиа Биби која беше донесена од Врховниот суд на 30 октомври.