Бизнисмените против прогресивниот данок
Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија се противат на воведувањето прогресивен данок. Тие сметаат дека со тоа ќе се зголеми сивата економија и ќе се нарушат условите под кои ќе се одвива целокупната економија во државата.