Мицкоски до Соботка: Има политички прогон
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Мицкоски го информирал Соботка, за, како што пишуваат,политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија.
Мицкоски зборувал и за влошената економска состојба, велат од партијата. Соговорниците разговарале и за реформските приоритети кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО.
