Лавров: ЕУ се казнува себе си со санкциите за Русија
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во интервју за шпанскиот весник “Ел Паис“, изјави дека „ЕУ се казнува себеси со тоа што ги спроведува наредбите на Вашингтон и ја санкционира Русија“.
Лавров вели дека односите ЕУ-Русија се „далеку од нормални“.
„Митската руска закана им е наметната на Европејците првенствено од надвор. Санкциите од европските земји врз Русија беа наметнати по директна наредба од Вашингтон”, вели Лавров.