Лажна тревога за бомба на железничката станица во Барселона
![Лажна тревога за бомба на железничката станица во Барселона](https://gdb.rferl.org/3D5BC04F-DB61-464F-BDF0-8384397795B4_cx7_cy10_cw93_w800_h450.jpg)
Главната железничка станица во Барселона повторно е отворена по евакуацијата на два воза откако беше пронајден сомнителен куфер. Но, според полицијата се работело за лажна тревога.
Обезбедувањето утринава идентификувало предмет кој личи на експлозивна направа во куферот, по што била повикана бомбашката единица. Истрагата утврдила дека предметот всушност бил копче на колан кое имало облик на експлозивна направа.