Во Франција одбележување стогодишнина од крајот на Првата светска војна
Настани по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна денеска започнаа во францускиот главен град Париз.
Повеќе од 60 шефови на држави и влади денеска и утре се очекуваат во Париз на настаните, кои ќе кулминираат на гробот на Напознатиот војник во точниот момент на примирјето, односно кјога војната завршува: 11 минути по 11-от час од 11-от ден на 11-от месец.
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Париз на церемониите. Тој денеска на социјалните мрежи напиша:
„Има ли нешто подобро да се прослави од крај на војна, особено онаа која беше една од најкрвавите и најлошите на сите времиња?“
Трамп и првата дама Меланија Трамп денеска ќе ги посетат воените гробишта на САД во Франција.
Денска канадскиот претседател Џастин Трудо ги посети гробовите на канадските војници од Првата светска војна во Франција.
Околу девет милиони војници и околу ѓест милиони цивили загинаа за време на војната од 1914 до 1918, во која беа вклучени околу 40 земји. Војната ја промени картата на Европа, доведувајќи до колапс на империите на Австроунгарија, Отоманската и Руската империја.