Трамп и Макрон разговараа за одбраната во Европа
Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон се обидоа да ги избалансираат тензиите за време на денешниот состанок во Париз.
Претходно, Трамп го опиша како „многу навредлив“ предлогот на Макрон за создавање на европски одбранбени сили. Канцеларијата на Макрон соошшти дека претседателот на САД погрешно го разбрал неговиот предлог, чија цел е да се намали зависноста на Европа од САД за одбрана.
По состанокот на 10 ноември, Макрон рече дека е „неправедно европската безбедност да биде обезбедена само од САД.“
Трамп истакна дека САД сакаат „апсолутно да бидат таму“ да помогнат во одбраната на Европа, но ги повтори повиците до членството на НАТО да ги зголеми тропшоците за одбрана.
„Ние сакаме да и помогнеме на Европа, но мора да биде фер“, рече Трамп: „Во моментов, споделувањето на товарат во голема мера е на САД“, рече тој.
Макрон рече дека ја споделува оценката на Трамп.