СДСМ: Мицкоски може да се подготвува за пораз на избори
СДСМ денеска соопшти дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски „може да се подготвува само за пораз на какви било избори“, како реакција на изјавата на лидерот на опозицијата дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за претстојните претседателски избори.
Од СДСМ велат дека се што прават Мицкоски и „антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на амнестија на Груевски и блокирање на иднината на земјата во ЕУ и НАТО.“
Денеска Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус, кој ќе се одржи напролет, а доколку парламентарното мнозинство одлучи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени или редовни парламентарни избори