Јанакиески и Јанкулоска го осудија бегството на Груевски
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вечерва го осуди бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“, изјави Јанакиески за ТВ21.
Тој рече дека не планира да бега од Македонија, дека моментално е во Скопје и најави дека ќе се појави на следното рочиште за „Титаник“.
По Јанакиески, во изјава за истата телевизија, и поранешната министерка за внатрешни работи во Владата на Груевски, Гордана Јанкулоска, го осуди бегството на нејзиот поранешен партиски лидер.
„Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде“, рече Јанкуловска.