Хрватскиот суд бара еден милиони евра да го пушти газдата на Агрокор од притвор
![Хрватскиот суд бара еден милиони евра да го пушти газдата на Агрокор од притвор](https://gdb.rferl.org/29901755-B348-4400-AD89-43534CC5FF6F_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Хрватскиот суд наложи гаранција во износ од околу милион евра за да го пушти основачот на задолжената хрватска компанија „Агрокор“, Ивица Тодориќ да се брани од слобода. Окружниот суд во Загреб денеска објави дека Ивица Тодориќ треба да го врати пасошот, како и дека нема да може да патува надвор од главниот град, ако биде ослободен со кауција. Тодориќ е обвинет за лошо управување со производителот на храна „Агрокор“ и за проневера на милиони евра. Тој беше уапсен во Лондон пред една година врз основа на европски налог за апсење, а пред неколку дена беше екстрадиран во Хрватска. Тодориќ тврди дека е невин. „Агрокор“ имаше удел од 15 отсто од БДП на Хрватска.