Пајат - Историјата ќе биде дарежлива со Заев и Ципрас
Договорот од Преспа ќе оди напред, а историјата ќе биде многу благородна и дарежлива со премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат, на панел дискусија во рамките на третиот Солунски самит, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Пајат рекол дека САД работат напорно за спроведување на договорот, во соработка со нивните европски партнери. Американскиот амбасадор во Атина, истакнал дека Договорот од Преспа не е важен само од геополитички, туку и од економски аспект.