Изгоре патнички автобус во Зимбабве, загинаа над 40 луѓе
![Изгоре патнички автобус во Зимбабве, загинаа над 40 луѓе](https://gdb.rferl.org/ED515C59-535F-46AF-9BDB-2C4AE2C820E5_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Над 40 луѓе загинаа, а најмалку 20 се повредени кога се запали и изгоре патнички автобус во Зимбабве, соопшти полицијата. Меѓу повредените има и луѓе со тешки изгореници. Полицијата сè уште нема детали за причините за пожарот кој изби синоќа.
Несреќата се случи синоќа, на околу 550 километри од главниот град Хараре, додека автобусот возел кон Јужна Африка.
Во судир на два автобуси во Зимбабве минатата недела загинаа 50 луѓе, а 80 беа повредени.