Груевски нелегално и пеш влегол во Албанија, тврди полицијата
![Груевски нелегално и пеш влегол во Албанија, тврди полицијата](https://gdb.rferl.org/73D872DB-638C-4DD2-A9DA-F3914EC4808A_cx5_cy6_cw91_w800_h450.jpg)
Портпаролот на албанската полиција, Гентиан Мулаи денеска изјави дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски „во Албанија несомнено влегол пеш и на нелегален начин“. Тој во изјава за АФП посочува дека влезот на Груевски не е регистриран на ниту еден граничен контролен премин меѓу Македонија и Албанија.
Мулаи истакнува дека „за да не привлече внимание, Груевски границата меѓу двете земји требал да ја премине пешки, дали кај Преспа – Југоисточна Албанија, дали преку Дебар – Североисточна Албанија“.