Младиќ се јави во живо на српска телевизија
Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ кој отслужува доживотна казна затвор за воени злосторства и геноцид во хашкиот затвор имаше јавување на српската телевизија „Хепи“, кое предизвика критики во јавноста.
Младиќ за време на интервјуто рече „Дедо Ратко ви испраќа бакнежи“ Неговиот глас за прв пат се појави во медиумите по неговата пресуда во ноември минатата година.
Неговиот син, Дарко телефонски го повика Младиќ во затворот за време на емисијата која се емитуваше во живо на телевизијата „Хепи“. Лидерот на босанските муслимани Бекир Изетбеговиќ изјави дека коментарот на Младиќ е „ставање сол на нивните рани“.