ЕУ загрижена за апсењата во Турција
![ЕУ загрижена за апсењата во Турција](https://gdb.rferl.org/AEF6A1F5-24FF-47E3-AEE8-D6B50F8241E4_w800_h450.jpg)
Европската Унија денеска изрази загриженост во врска со притворањето на 13 лица во Турција и повика на нивно брзо ослободување.
„Денешното притворање во Турција на неколку истакнати научници и претставници на граѓанското општество е загрижувачко. Многубројните притвори на критичари и континуираниот притисок врз претставниците на граѓанското општество се контрадикторни на обврската на Турција за почитување на човековите права, се наведува во соопштение на Европската служба за надворешни работи.
Двајца академици, бизнисмени и новинари беа уапсени во рамки на истрагата против активистот Осман Кавала. Тие се осомничени дека му давале поддршка на Кавала во неговиот обид за соборување на турската власт преку масовни протести во 2013 година.