Ексползија на бомба во центар за молитва во Индија
Тројца луѓе загинаа, а 15 се повредени, кога двајца мажи со мотоцикли фрлиле бомба врз центар за молитва во северна Индија. Двајцата маскирани напаѓачи ја фрлиле бомбата во центарот на Сиките во село во близина на Амритсар во индиската сојузна држава Панџаб, информира полицијата. Бомбата експлодирала во близина на главниот собир, каде што се молеле стотици луѓе.
Индиските власти сè уште не обвинија никого за нападот. Панџаб е главно мирен повеќе од две децении, кога индиските власти брутално го задушија бунтот за независна држава на Сиките од 1980-тите и почетокот на 1990-тите години од минатиот век.