„Тврдината“ на Мијалков почна да се распаѓа
Ова што ни се случува е по свадба, тапани! Но подобро и тоа отколку да ги оставиме да избегаат, велат аналитичари за приведувањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Неговите адвокати најавуваат жалба, а аналитичарите се сомневаат дека притворот е всушност одговор на државата на бегството и азилот на Груевски.