Вучиќ на вонреден состанок со рускиот и кинескиот амбасадор по најновите косовски такси за српските производи
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево ќе има вонредни средби со амбасадорите на Кина, Русија, ЕУ и членките на Квинтата, а за подоцна закажа и седница на Советот за национална безбедност, по повод најновите мерки на Приштина, соопшти Кабинетот на шефот на српската држава.
Оваа реакција следува откако Приштина денеска, и покрај договорот на ЦЕФТА, ги зголеми таксите на стока од централна Србија за 100 проценти, што за српските власти претставува „политички најпредизвикувачка и најтешка ситуација по нелегалното прогласување независност на Косово“.