Могерини побара Косово да ја укине најновата царинска мерка за стока од Србија и БиХ
Шефицата на европската политика на ЕУ, Федерика Могерини, ја повика косовската Влада итно да ја укине одлуката за зголемување на царината за стоката од Србија и Босна и Херцеговина за 100 отсто.
Косовската влада денеска одлучи да ги зголеми тарифите во висина од 100 проценти, по што српскиот претседател Александар Вучиќ одржа вонреден состанок со амбасадорите на Кина, Русија и на ЕУ.