Рејтингот на Путин падна под 60 проценти
Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин падна под 60 отсто, за прв пат во последните пет години, покажува истражувањето на независниот центар Левада, објавено денеска. Според истражувањето, 56 отсто од Русите изјавиле дека ќе гласаат за Путин на изборите кои треба да се одржат во 2024 година, што е 10 проценти помалку во споредба со минатогодишната анкета.
Споредено со други слични истражувања на Левада, последен пат поддршката на Путин паднала под 60 проценти во 2013 година.
Путин, кој е на чело на Русија како претседател или премиер од 1999 година, во мај го почна новиот шестгодишен претседателски мандат по убедливата победа на претседателските избори во март. Имаше обвинувања за изборна измама, а меѓународните набљудувачи соопштија дека имало недостиг од избор.
Непопуларните промени во пензискиот систем најавени годинава ја нарушија популарноста на Путин, а еуфоријата по анексијата на Крим од Украина во 2014 година исчезнува.