Загрозени 10 илјади работни места во БиХ со косовските царини
Во БиХ се загрозени 10.000 работни места откако Приштина воведе 100-процентни царини на производите од земјата, изјави денеска претседателот на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, Вјекослав Вуковиќ. Тој вели дека БиХ во Косово извезува стока со 10 пати поголема вредност отколку што увезува, поради што воведувањето на контра мерки не би имало ефект.
Една петтина од извозот на БиХ на Косово, ја сочинуваат производи од Република Српска, додека остатокот го прават производи од Федерацијата БиХ.
Главни производи за извоз од БиХ на косовскиот пазар се млеко, масло и хартиена галантерија.