Унгарија: Oпозицијата ќе бара парламентарна истрага за случајот со Груевски
Консултацијата меѓу партиите Дијалог за Унгарија, Демократска колаиција и партијата Други политики веќе била одржана, пишува „24.ху“ повикувајќи се на свои извори.
Тие ќе иницираат почеток на панел дискусија за ова прашање, а истовремено ќе бараат креирање на парламентарна истражна комисија. Потоа до властите ќе достават заеднички став на опозицијата за случајот Груевски, а парламентот ќе добие предлог како да се постапи.
