Русија испраќа експерти во Алепо по извештаите за хемиски напад
Русија објави дека испратила експерти за воени хемикалии во Алепо,по извештаите дека гранати истрелани од бунтовници во сирискиот град Алепо кај десетици луѓе предизвикале проблеми со дишењето и со видот. Портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков, денеска рече дека специјалистите од руските единици за заштита од нуклеарна, хемиска и биолошка војна пристигнале на местото на нападите откако сириската државна телевизија ги емитуваше снимките она кои се гледа како лекарите кои ги третираат луѓето од повредите кои се чини се поврзани со хемиски напад. "Тие работат со повредените во болниците и ја следат состојбата во областа каде што милитантите ги употребија токсичните супстанции", изјави тој.
Новинската агенција АП цитирајќи официјален претставник од сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Обединетото Кралство, наведе дека смрдеата на гасот била надвисната над Алепо, по нападот кој бил извршен вчера. Меѓутоа, водачите на бунтовниците ги отфрлија тврдењата дека користеле хемиско оружје.