Макрон ги укори насилните демонстрантите
![Макрон ги укори насилните демонстрантите](https://gdb.rferl.org/B579B9F4-0CA3-4E9A-9684-21B3E280C71E_w800_h450.jpg)
Францускиот претседател Емануел Макрон ги укори демонстрантите кои се судрија со полицијата во Париз за време на последните протести предизвикани од зголемувањето на цените на горивото.
"Срамото за оние што ги нападнаа безбедносните сили, срамота за оние кои беа насилни кон другите граѓани и новинари", објави Макрон денеска, откако последните демонстрации во главниот град станаа насилни.
Повеќе од 100.000 луѓе учествуваа на околу 1.600 протести низ Франција во еден ден, објави Министерството за внатрешни работи. Повеќето минуваа мирно, освен во Париз каде се собраа 8.000 демонстранти. На Шамселизе, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, познати како "жолти елеци". Се наведува дека меѓу насилствата биле повредени лица, меѓу кои и четворица офицери. Четириесет други лица беа уапсени. Демонстрантите првично се фокусираа на зголемувањето на давачката за горивото на дизел, но протестите подоцна прераснаа во незадоволството поради зголемените трошоци за живеење и други поплаки од политиките на Макрон.