Во Романија отворена нова православна црква и порај спорот околу трошоците
![Во Романија отворена нова православна црква и порај спорот околу трошоците](https://gdb.rferl.org/72D1352B-5F06-4FCA-86C4-0F84764A342D_w800_h450.jpg)
Цариградскиот патријарх Цариград и лидерот на Романската православна црква присуствуваа на инаугурацијата на масивната нова црква во Букурешт, и покрај контроверзноста околу користењето на јавните средства за проектот. Десетици илјади луѓе стоеја пред Црквата на денешната служба предводена од истанбулскиот Патријарх Вартоломеј и романскиот патријарх Даниел.
Изградбата на катедралата со височина од 120 метри во Букурешт, која ќе може да собере околу 5.000 верници започна во 2010 година и треба да биде завршена во 2024 година. Таа се гради во бизина на палатата на парламентот изградена во времето на починатиот комунистички диктатор Николае Чаушеску. Романската православна патријаршија вели дека недовршената зграда досега чинела 110 милиони евра (125 милиони долари). Трошоците кои изнесуваат три четвртини од износот што доаѓа од јавните фондови, создадоа контроверзии во земјата каде инвестициите во инфраструктурата, како што се болниците, се многу потребни. Околу 86 отсто од романското население од вкупно 20 милиони се православни верници.