Tурски воен хеликоптер се урна во населба во Истанбул, најмалку четворица мртви
![Tурски воен хеликоптер се урна во населба во Истанбул, најмалку четворица мртви](https://gdb.rferl.org/ED4F5F60-7680-4C23-95B0-6AA70CFE2DF2_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Најмалку четворица војници загинаа кога во станбениот кварт Санџактепе во Истанбул се урна турски воен хеликоптер, јави Анадолија. Во инцидентот е повреден еден војник. Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот. На местото на инцидентот пристигнаа повеќе возила на полицијата и Брзата помош. Не е познато дали има жртви на земја, имајќи предвид дека хеликоптерот паднал меѓу станбени згради.