Итен состанок на НАТО и Украина
![Итен состанок на НАТО и Украина](https://gdb.rferl.org/FCE2BBCE-5055-4832-B80D-A578A623767E_w800_h450.png)
НАТО соопшти дека амбасадорите на земјите-членки и украинскиот пратеник Алијансата денеска ќе одржат итен состанок поради поморскиот суди меѓу Украина и Русија во близина на Крим. НАТО наведе дека состанокот е свикан на барање на украинскиот претседател Петро Порошенко, по неговиот разговор со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Во соопштението се наведува дека Столтенберг изразил „целосна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи го и нејзиното целосно право на пловидба во нејзините територијални води според меѓународното право“.
Руската крајбрежна страна вчера заплени три украински брода во Керчскиот Проток.