Девет договори меѓу Косово и Албанија, обединување на економиите на двете земји
![Девет договори меѓу Косово и Албанија, обединување на економиите на двете земји](https://gdb.rferl.org/16BB3FC9-5CAA-4572-ADFD-207C4521EED4_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Претставниците на владите на Косово и на Албанија, по денешната заедничка седница во Пеќ, потпишаа девет договори со кои се очекува унапредување на меѓусебните односи. Потпишани се договори за меѓусебно признавање на возачките дозволи, за заедничка царинска контрола на граничниот премин Морина, за јавниот долг и заедничката соработка со меѓународните финансиски институции, за укинување на роамингот, за соработка во областа на младите и за соработка во здравството. Исто така биле потпишани и договори за признавање на фитосанитарните и ветеринарни уверенија, за создавање на заедничка Стопанска комора на Косово и Албанија и соработка за признавање на индустриската сопственост.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во пресрет на седницата рече дека договорите ќе придонесат за обединување на економиите на двете земји.