ЕУ ќе разгледува построги санкции за Русија поради Украина
Европската унија следниот месец ќе ги разгледува дополнителни санкции против Русија поради последноти разгорување на конфликтот во Украина, изјави австрискиот министер за надворешни работи на Австрија, која го има ротирачкото претседателство на ЕУ.
„Во врска допонителните санкции, ќе покаже времето, имаме самит во декември. Се зависи од настаните и од дејствата на двете страни, но тие ќе треба да се разгледаат”, изјави Карин Кнејсл по разговорите со својот германски колега, Хајко Маас.
Кнејсл рече дека во моментот е зборот на Русија против оној на Украина за последните тензии во кои Киев прогласи воена состојба како одговор на одземањето три брода од страна на Москва. Затоа треба да се проучат фактите пред да се извлечат заклучоци. Според Маас последната ескалација покажува оти анексијата на Крим е проблем и за безбедноста на сите во Европа. Тој го повтори повикот на Берлин Русија да ги ослободи запленетите бродови и морнари што е можно поскоро.
САД и ЕУ веќе воведоа санкции за Русија во врска со конфликтот во Украина. Западните сојузници на Украина ја обвинија Русија дека употребила сила без оправдување во поморската конфронтација, а Киев ги повика своите партнери да наметнат дополнителни санкции врз Москва.