Два месеца притвор за еден од украинските морнари
Судот на Крим издаде наредба за еден од дваесет и четворицата украински морнари кои Русија ги уапси викендов да остане во притвор во наредните два месеца.
Обвинител во кримскиот суд изјави дека морнарот се соочува со обвиненија дека ја повредил руската граница, за што е предвидена казна затвор и до шест години, пренесуваат руските агенции.
Според претходните најави од страна на судот, денеска одлука треба да има за 10 до 12 морнари, додека за втората група од уште 12 морнари ќе се одлучува во следните денови.