Петмина работници затрупани при уривање на бетонски ѕид на градилиште во Турција
![Петмина работници затрупани при уривање на бетонски ѕид на градилиште во Турција](https://gdb.rferl.org/45321041-6A48-4980-A838-32F147C0EEF1_cx2_cy4_cw86_w800_h450.jpg)
Петмина работници се затрупани под остатоците од бетонски ѕид, што се урнал денеска при изградбата на надвозник на автопат близу градот Гебзе, во северозападниот турски округ Коџаели. Како што јави Си-Ен-Ен Турк, ѕидот се урнал од висина од 30 метри, повлекувајќи ги со себе петтемина работници. На местото на инцидентот пристигнале амбулантни и противпожарни возила, а спасувачките тимови работат на пронаоѓање на затрупаните работници.