Мицкоски - Почнуваме сеопшта револуција против владеењето на Заев
![Мицкоски - Почнуваме сеопшта револуција против владеењето на Заев](https://gdb.rferl.org/3B37C8D8-4EB0-4ED3-B4A4-8DC5E3D71D59_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Со денешниот протест ја прогласуваме и почнуваме нашата национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење на Зоран Заев и економското и националното разнебитување, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој ова го кажа, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
„Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување, економско разнебитување и разнебитување по која било основа и погрешно владеење, да ни се придружат, да застанат рамо до рамо со нас, да ја почнеме оваа наша сеопфатна и сеопшта револуција“, рече Мицкоски.